Кинеската компанија Алибаба рекламира на својот сајт „гумени чамци за бегалци“ во момент кога ЕУ се обидува на сите начини да се избори со приливот мигранти и спречи криумчарење луѓе преку Медитеранот.

Чамците се продаваат по цена од 800 до 1.100 долари, а се рекламираат како производ со висок квалитет. Долги се 9 метри и широки речиси два метра. Може да се порачаат во која било боја.

Стандардна опрема за чамците е пумпа, опрема за поправка, весла и седишта. Дополнителна опрема се појаси за спасување. Гаранцијата им е од три до пет години.