Сакам овој момент да го искористам и да повикам на совест за ситуацијата која што ја имаме во Собранието на Република Македонија од аспект дека нас се поочигледно ни станува дека има тенденција на воведување на Собранието во некаков нов инцидент.
Тоа се случи пред два дена кога последен пат имавме седница, тоа на некој начин се случи и денес со провокациите кој што беа присутни внатре во салата и од страна на господинот Џафери и од страна на други пратеници на кои што господинот Џафери воопшто не реагираше и би сакал да го искористам вашето присуство да апелирам повторно по незнам кој пат да се доведе под ред работата на Собранието во смисла на почитување на Деловник, почитување на Закон и почитување на Устав.
Она што е право на пратениците треба да е право на пратениците, она што е обврска на пратениците треба да е обврска на пратениците.
Ако во овој дом не може да се зборува слободно во најголем степен онака како што дозволува Деловникот, незнам каде каде би можело надвор од Собранието. Во исто време ако овдека, во овој дом не се почитуваа законите незнам како ние ќе бараме од граѓаните на Република Македонија да ги почитуваат другите закони.
Затоа апелирам до господинот Џафери да си ја спушти својата нервоза која што се поочигледно присутна, го разбираме средина на август е, можеби имал поинакви планови за овој месец, доведена е ситуација да работи секојдневно но обврската на сите нас е да бидеме и прибрани и пристојни и коректни и да се трудиме да не дојдеме до ситуација на било какви инциденти и провокации во Собранието.
Затоа велам уште еднаш, го користам вашето присуство да го упатам тој апел до господинот Џафери и до претставниците на мнозинството.