Пожарот што се разгоре вчеравечер над ридот во скопско Кондово е ставен под контрола, а околу селото, според информации од Центарот за управување со кризи, направен е заштитен појас за да се спречи негово ширење.
Во гасењето на пожарот ноќеска учествуваа четири цистерни, 25 пожарникари, девет возила на Територијалната противпожарна единица и лица од месното население.
Во селото Кондово нема зафатено куќи од пожарот. За гаснење на пожарот најмногу допринесе и дождот кој после подолго време денес паднаа во Скопје.