Министерството за надворешни работи соопшти дека до 20:30 часот вечерва нема информации за повредени македонски граѓани во нападот во Барселона.

- Земајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата, во моментов е отежната комуникацијата со релевантните институции но македонската амбасада во Шпанија прави напори да добива редовни и прецизни информации за настанот и можноста за евентуални повредени македонски граѓани, се вели во соопштението.

МНР упатува на телефоните 00 34 620 126 308 - број на претставник на македонска амбасада во Шпанија и 00 34 932 142 124 - број од шпанските институции за информации за засегнати роднини/ пријатели.