Би сакала да ја информирам јавноста дека влезени се во собраниска процедура предлог измени на Законот за употреба на македонскиот јазик кои што предвидуваат одблокирање на процесот за полагање на лекторскиот испит.

Поради самоволието на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со несопроведливи законски измени, Република Македонија од 2013-та година до денес нема издадено лиценца за лектор, што предизвикува огромна штета врз заштитата и унапредувањето на македонскиот литературен стандарден јазик и неговото кирилско писмо.

Оваа грешка со овие предлог измени денеска ја поправаме и затоа го одблокираме процесот за полагање на лекторскиот испит, и дополнително, ова впрочем е првиот чекор кон заштитата и унапредувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, која што да потсетам, е една од темелните определби на Владата и на парламентатното мнозиство предводено од Социјалдемократскиот сојуз.