Некогашниот сопственик на А1 телевизија и на дневните весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха“, Велија Рамковски, по речиси седум години поминати во затворот „Идризово“ денеска привремено е пуштен на слобода.

Рамковски кој издржуваше 13-годишна затворска казна, е пуштен на привремен отпуст поради лекување.

Информацијата за привременото ослободување на Велија Рамковски ја потврди и неговото семејство.