Време е владата на СДС да собере сили и да признае каде одат народните пари?
Владата на СДС треба да одговори на граѓаните зошто нивните пари секојдневно испаруваат и исчезнуваат?
За неполни 3 месеци волшебниците на Заев успеeја да направат да снема стотици милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви и од издадените хартии од вредност.
Секоја недела без објаснување министерот за задолжување распишува аукции за државни хартии од вредност, а бенефит од тоа граѓаните не чувствуваат.
Лакомите и неспособни функционери на СДС досега стопија околу 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжувања од издадени државни хартии од вредност.
Граѓаните на Република Македонија не сакаат нивните пари да завршуваат во џебовите на волшебниците од СДС и нивните асистенти од платеничката шарена револуција.
На јавноста се повеќе и е јасно дека овие пари не одат за покачување на платите и пензиите или нови проекти туку се трошат за луксузирањата на СДС, и покривање на партиските вработувања во институциите.
Владата на Заев креира само хаос и неизвесност. СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност.