Изградба на патот Градско-Дреново е проект за кој предходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ аплицираше преку ИПА фонодвите, наменети за транспорт.
Средствата во висина од 35.4 милиони евра за изградба на делницата Градско-Дреново во должина од 15 километри, беа обезбедени уште пред СДС и Сугарески да дојдат на власт.
Тендерот за изградбата на делницата беше објавен и заради законските рокови се чекаше да заврши процедурата и да се избере најповолен понудувач. Тендерот беше објавен благодарение на грантот што го обезбеди токму ВМРО-ДПМНЕ.
За СДС секојдневие е да се фалат со проекти кои ги има реализирано и започнато ВМРО-ДПМНЕ.
СДС и Сугарески за изминатите 80 дена, ниту нешто имаат започнато, ниту нешто имаат рализирано како проект.
СДС и Сугарески наместо да се фалат и одржуваат прес-конференции за туѓи проекти, треба да ги засукаат ракавите и да се зафатат за работа.
СДС и Сугарески поради нивната неспособност, не можат да го пуштат во употреба ниту завршениот автопат Демир Капија-Смоквица, проект кој беше реализиран и завршен во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
Сугарески и СДС не се веќе опозиција. Граѓаните ги очекуваат ветените нови 500 километри автопат, 650 километри регионални патишта и 1.000 километри локални патишта.