Премиерот Зоран Заев денеска го посети Берово и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, од каде на сите христијани им го честита празникот и им посака здравје, среќа, личен и колективен бериќет.

Заев оствари средба со граѓаните на Берово, а ги посети и се запозна со производството на традиционалните рачни изработки и еколошки производи изложени на штандовите од саемот „Малешевијата на дланка“. Тој е за прв пат во Берово на овој празник како премиер.

- Берово е една од моите соседни општини и често сум овде со пријателите и со беровци, и тука заедно како што си личи величенствено на овој парзник. Нашиот народ треба да е заедно да си помагаме едни со други, да си подадеме рака, онака како што налага и верата христијанска. Во тоа име еве овде од центарот на Берово сакам да им го честитам на сите христијани денешниот празник, да им посакам здравје, среќа, личен и колективен бериќет на граѓаните на Република Македонија, истакна Заев.