Интегрален текст од демантот на Санос во врска со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека оваа фабрика има само тројца вработени и дека не е евидентиран извоз на ниту еден нивен продукт.
„Демант на тенденциозните лаги, клевети и инсуинации за скандалозните дејствија со автобусите САНОС, која по неколкунеделната кампања на порталот Курир ,Телевизиите АЛФА и Канал 5 попримија и елементи на политичка хајка по одржананите две последователни прес-конференции од страна на политичката партија ВМРО ДПМНЕ.
Со целосна одговорност изјавуваме дека лажни и извртени се информациите кои подолг период ги пласираат во јавноста порталот Курир, телевизиите АЛФА и Канал 5 за наводно само тројцата вработени во македонската фабриката за производство на автобуси, за наводно празните работилници, за наводно неизвезените пет автобуси, за наводно преправани стари автобуси кои сме ги купиле, преправиле и продале како нови, за наводно направен фиктивен поврат на ДДВ, за наводно добиени огромни субвенции од стрна на државата, за наводна понуда од ВОЛВО која сме ја одбиле .
Славе Распашковски“