Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во свое и од име на пратениците им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците 28 Септември, посакувајќи им празнично расположение, добро здравје, успех и благосостојба во нивните домови.
– Вие сте значаен дел во мозаикот наречен Република Македонија и секој ваш придонес, било да е во сферата на културата, образованието, економијата и која било друга област на општественото живеење е значаен придонес во создавањето на големата слика за модерна, напредна, демократска и европска Република Македонија, пишува во честитката на Џафери до припадниците на бошњачката заедница во Македонија.