Заев треба да сноси одговорност за укинување на демократијата во Македонија. Забраната на референдумите кои ги иницираа граѓаните, а се однесуваа на прашања кои нив директно ги засегаат, е најбрутален облик на погазување на гласот на граѓаните.

Граѓаните беа замолчени и не им беше дозволено да го искажат својот став за населувањето на мигранти во нивната околина. Граѓаните се засегнати економски и безбедносно. Тие стравуваат за својата егзистенција и за својата безбедност гледајќи какви напади се случуваат низ Европа.

Ако направиме компарација со европските земји, можеме слободно да заклучиме дека на Заев воопшто не му се важни потребите и интересите на граѓаните.

Франција, како деветта светска економска сила, која има 64 милиони жители, со 9% невработеност и со минимална плата од 1.750 евра, преговара на нејзина територија да прими само 30.000 мигранти што изнесува само 0,05% од нивното население.

Во споредба со Македонија, со популација од 2 милиони жители, со 22.9% невработеност и со минимална плата од 200 евра, Заев ќе населува 150.000 мигранти што изнесува 7.5% од населението.

Овие бројки кажуваат дека, споредено со населување број на мигранти во однос на број на жители, Заев се нафатил Македонија да прими 150 пати повеќе мигранти од Франција која е светска економска сила.

Населувањето на овој број на мигранти, кои ќе треба од државата да добијат сигурно работно место и но исто така и место за живеење, ќе остави несогледливи последици по населението во Македонија. Македонските граѓани за кои Заев не е заинтересиран ќе губат работни места за да се обезбеди работа за мигрантите. Заев, наместо да обезбеди полесен пристап за младите до сопствен дом, ќе гради станови кои ќе ги добиваат мигрантите.

Тука не станува збор за хуманост и солидарност, тука станува збор за принцип. Не може македонските граѓани да бидат маргинализирани за сметка на 150.000 мигранти кои се голема бројка дури и за една светска сила како Франција.

На ВМРО-ДПМНЕ приоритет и се потребите на граѓаните кои живеат во Република Македонија. Откако граѓаните ќе живеат во благосостојба, тогаш без проблем ќе подадеме рака на секој оној кој што му е потребна нашата помош.