Во Шуто Оризари попладнево настанала тепачка меѓу две групи. Од полицијата потврдуваат за инцидентот и најавуваат повеќе информации по завршување на увидот на местото на настанот.
Претходно, медиумите објавија дека во тепачка во скопската општина Шуто Оризари е повреден актуелниот и кандидат за градоначалник на оваа општина Елвис Бајрам, кој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“.