Полициски службеници влегле во општина Карпош откако се прошириле шпекулации дека досегашниот градоначалник изнесувал документи. На крај испаднало дека станува збор за лични работи на Јакимовски кои тој сакал да си ги земе со себе бидејќи ја напушта општинската канцарларија. Јакимовски ја обвини полицијата дека насилно упаднала во општината и во неговиот кабинет.
Јакимовски потсети на неделниот напад и побара од ОЈО кривично да ги гони насилниците.
Од полицијата сеуште молчат за инцинденот во партиското седиште на ГРОМ во неделата по завршувањето на изборниот ден.