Полицијата лиши од слобода уште три лицa за настаните од 27 април. Станува збор едно од трите лица за МВР побара информации од јавноста, информираа од Јавното обвинителство.

„Јавното обвинителство на Република Македонија изразува благодарност до сите совесни граѓани со чија помош е утврден идентитетот на лицата чии фотографии беа објавени. По наредба на јавното обвинителство, трите лица се лишени од слобода. Станува збор за лица кои се инволвирани во кривично правниот настан во Собранието на Република Македонија. Фотографиите и повикот до граѓаните за нивно препознавање беа објавени согласно член 277 од Законот за кривична постапка, по предходно дадено одобрение од Основното јавно обвинителство Скопје и во соработка со Министерството за внатрешни работи“, пишува во соопштението.

Утрово пак, околу 7 часот беа лишени од слобода пет лица за нападот на пратеникот Зијадин Села. Дел од нив се наоѓаат обвинителство, а дел се очекува да бидат изведени пред судија на претодна постапка.