Поранешниот началник во Петтата управа во УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски, според неофицијални информации вечерва се приведени во Солун.

Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права во предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет.

За нив е распишана меѓународна потерница на 27. јули, откако полицијата не можеше да ги пронајде во нивните домови.

Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски. И за двајцата Врховниот суд ја потврди мерката притвор.