Претседателот на судскиот совет на Одделение за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, кој постапува во предметот „Триста“, оформен по поднесен обвинителен акт на Специјалното јавно обвинителство, постапувајќи по поднесена жалба на одбраната на обвинетиот против решението со кое е одобрен обвинителниот акт, донесе решение дека жалбата се отфрла како неоснована со образложение дека во делот на правната поука е наведено дека против ова решение не е дозволено право на жалба.
Советот за оценка на обвинителен акт на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, кој постапува во оценка на обвинителниот акт на СЈО во предметот од Обвинителството означен како „Трезор“, постапувајќи по приговори на тројца од обвинетите во предметот поднесени против обвинителниот акт, а изјавени преку нивните бранители, донесе решение со кое приговорите ги отфрли како недозволени, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.