За овие настани досега 15 лица се осомничени за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство и за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Во Јавното обвинителство денеска на распит пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за настаните во Собранието на 27-ми април. Според најавите, деновиве на распит ќе бидат повикани уште неколкумина други пратеници кои биле во холот на Собранието пред да влезе толпата.

За овие настани досега 15 лица се осомничени за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство и за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Неколкумина веќе се обвинети и за обид за убиство, а еден е осуден на четири години затвор.