Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија.

Како што информираат од неговиот кабинет, во среда Иванов ќе оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

-Во четврток, 26 октомври 2017 година, претседателот Иванов ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот Кран Монтана. Предвидено е претседателот Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната сесија посветена на соседската политика на Европската унија, со посебен фокус на „Иницијативата три мориња“, се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.

За време на работната посета на Брисел, претседателот ќе оствари средба со заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.