Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11:00 часот ја закажа 18. седница на која на дневен ред се неколку точки на дневен ред. Според информациите од Собранието дополнително ќе биде закажана седница за верификација на мандатите на новите пратеници кои ќе дојдат на местата оние кои на локалните избори станаа градоначалници.

На дневен ред на оваа седница, која е прва по одржувањето на локалните избори се Предлог на одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадник на АРМ за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, барање за давање на автентично толкување на член 15 став 4 алинеа 5 и член 69 од Законот за градежно земјиште, поднесено од градоначалникот на Општина Илинден, барање за давање на автентично толкување на член 12 и член 13 од Законот за градежно земјиште, поднесено од ВД градоначалникот на Општина Струга, барање за давање на автентично толкување на член 9 став 1 алинеја 1 од Законот за јавни набавки, поднесено од градоначалникот на Општина Куманово, како и барање за давање на автентично толкување на член 14 став 4 и член 42 став 10 од Законот за минерални суровини, поднесено од градоначалникот на Општина Богданци.