Владата на Република Македонија на денешната 34 седница донесе одлука за формирање работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на група високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите, од 2015 година, соопшти владината прес-служба.

За претседател на работната група е именуван Силјан Аврамовски, како претставник од Министерство за внатрешни работи, а групата е составена од 29 членови, вклучувајки претставници на министерства, на Собранието на РМ, на правосудството, на Народниот правобранител, како и на членови од академско-научната дејност.