- Владата ја поништи одлуката со која во ноември 2015-та година простор во Трговскиот центар „Скопјанка“ им бил доделен на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија.

Овие простории, што до 2011 година ги користело Здружението на децата бегалци, како што денеска изјави министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, од 2011 година до денес се празни и не се користат.

- Она што утврдивме е дека иако претходната влада со одлука прво во февруари 2015-та година на Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради му дава простор во центар во Скопје, па потоа во април истата канцеларија му се одзема и во ноември му се даваат просториите во „Скопјанка“, утврдивме дека ова Здружение ниту се вселило во новите простории, ниту пак има промена во делот на користењето. Практично тие простории од 2011 година кога Здружението на децата бегалци е избркано од таму, стои празно. Бидејќи Здружението следната година ќе ја организира 5. Светска средба на децата бегалци, тие побараа помош и поддршка за да може да имаат простор каде ќе ги реализираат тие активности и јас како министер реков дека ќе помогнам за да им овозможиме нормално функционирање и реализација на предвидените активности, рече министерот Адеми.

На вчерашната владина седница, како што нагласи Адеми, не е донесена одлука за доделување на овие простории на друго здружение.

Одлука за доделување на овие простории на друга организација не е донесена. Таква одлука, како што истакна Адеми, ќе биде донесена откако ќе завршат процедурите во Агенцијата за управување со имотот и јавниот простор