Владата на денешната 35-та седница го разгледа и утврди текстот на Придонесот на Република Македонија кон Извештајот на Европската комисија. Текстот, соопшти владината прес-служба, се однесува на прашалникот на Европската унија за утврдување на напредокот на земјата во интеграцискиот процес со ЕУ.

На денешната седница Владата го отвори процесот за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки со кој се предвидува преиспитување на улогата на Советот за јавни набавки, вклучително и можноста за негово укинување, стои во соопштението.