Премиерот Зоран Заев утре ќе учествува на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“, што се одржува во Виена, Австрија.

Покрај премиерот Заев, на форумот ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.

Претседателот на Владата на РМ ќе има обраќање во рамки на дебатата на тема „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“, а вицепремиерот Анѓушев ќе говори на првата пленарна сесија „Живееме во дигитално време! Визија и реакција на инвеститорите“.

Како што соопшти владината прес- служба, во текот на утрешниот ден, поточно во попладневните часови, предвидено е премиерот Зоран Заев да оствари средба со министерот за надворешни работи и иден канцелар на Австрија, Себастијан Курц.