„Едно капаче-Една надеж+“ ќе биде промовирана денеска од заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Акцијата е продолжување на веќе постоечката акција на Македонската медицинска студентска асоцијација, чии размери ги надминаа капацитетите на ова ентузијастичка иницијатива.
Министерството за животна средина и просторно планирање препознавајќи ја големината на хуманитарно-еколошката акција и покренувајќи ги сопствените ресурси и ресурсите на партнерите од бизнис заедницата најде решение и ја продолжува активноста.
Кон акцијата се приклучија Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“, која ќе се погрижи за преземањето и транспортот на собраните капачиња и компанијата за рециклажа „Ре-Пласт“.
На настанот ќе бидат донирани три инвалидски колички.