Собранието на Република Македонија без расправа со 27 гласа „за“ и 50 „против“ не го усвои Годишниот извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година.
Едногласно и без расправа, во рамки на денешната работа по дневниот ред на 8-та собраниска седница, Собранието ги донесе и годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2016 година, и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Република Македонија во 2016 година.
Пратенците на денешната седница го поддржаа и Финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2016 година, и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2016 година.
Расправата за овие точки на дневниот ред заврши на вчерашното продолжение на 8-та седница, а останатите точки ќе се разгледаат на наредното продолжение на седницата што дополнително ќе биде закажано.