Kоординаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на денешната прес-конференција во Собранието потврди дека пратениците биле во салата, имало кворум, но поради немарност и дефокусираност не го стиснале копчето за гласање на точката за Народниот правобранител. Тунтев вети дека оваа грешка нема да се повторела во иднина.
-Имаше доволно пратеници во салата, но можеби дека беше прва точка,пратениците беа дефокусирани па не гласаа.Ние сме категорично за реформите, веќе се договоривме оваа грешка да биде исправена. Извешатајот на Народниот Правобранител со мала формална измена ќе се најде повторно на дневен ред и ќе биде усвоен, така идентично, рече Тунтев.
Во однос на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не предложи потпретседател, Тунтев рече дека сепак нема да биде променет нивниот број, односно ќе бидат пет.
-ВМРО-ДПМНЕ цело време ја кочи работата на Собранието, затоа и стоиме во место, нема претседателство, нема избрани органи. Таа одлука ја донесе претседателот Џафери и останува како таква, ние ќе ја поддржиме без оглед на нивиот став, додаде Тунтев.
Исто како и нивиот коалиционен партнер ДУИ така и СДСМ потврдија дека нема да има промени во составот на парламентарното мнозинство. Што се однесува до владиното, Тунтев рече дека владата е отворена за проширување со нови партнери, но беше дециден до крај дали станува збор за влез на ДПА во некое ресорно министерство.