На Дигиталниот Самит за земјите од Западен Балкан, чиј домаќин ќе биде Македонија напролет, е предвиден експо дел, каде дигиталните компаниите ќе имаат можност да ги претстават своите остварувања.
Тоа, според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ќе претставува единствена можност за македонските сопственици на ИТ компании, образовни ИТ институции, иноватори и претприемачи, да ја презентираат својата работа и да остварат соработка со лидерите од оваа област во регионот, како и да го прошират својот бизнис во регионот и во ЕУ.
Манчевски денеска на средба со претставници на бизнис секторот, академската заедница и на граѓанското општество информирал за одржувањето на Дигиталниот Самит за земјите од Западен Балкан и истакнал оти заложбите на Владата не се да работи сама, туку заедно со сите засегнати страни.
Упатил покана до сите кои можат да придонесат и да се вклучат во процесот на организација на Самиот. Само на тој начин, посочил, Дигиталниот самит ќе претставува позитивен пример и модел што ќе го следат и останатите земји во регионот.