Невидливи за системот, без пристап до права од областа на здравствената и социјалната заштита, до образование и вработување, лица „фантоми“ без документи и државјанство во Македонија според проценките на УНХЦР имало најмалку 800, од кои на 300 им е помогнато да станат полноправни членови на заедницата.

Се претпоставува дека бројката е поголема и оти за таа точно да се утврди и потоа да се реши потребно е подигање на јавната свест за таквите лица сами да се пријават, но и законски измени да се отстранат административните пречки и да им се помогне да го надминат проблемот.