Доцна попладне, доктор е нападнат со нож пред својот дом. Нанесени му се две убодни рани, едната рана во пределот на стомакот другата во пределот на половината. Сеуште не е позната причината за нападот, пренесе вечерва Сител, ниту пак е познато во која населба живеел. Докторот ќе биде задржан за понатамошен третман на хируршките клиники. Засега не се открива идентитетот на лекарот кој бил нападнат пред својот дом.
За нападот врз лекарот реагираше и мнинистерството за здравство:
„ Во врска со информацијата за напад на доктор на Клиника за Токсикологија, Министерството за здравство најостро осудува физички напад врз докторите и апелира за целосно расветлување на случајот од надлежните институции. Истовремено, потсетуваме дека токму за надминување на вакви негативни појави во тек е кампања „Стоп за насилство на докторите“, што ја реализира МЗ заедно со Лекарската комора на Македонија. Повторно апелираме дека докторите во ЈЗУ како и целокупниот медицински персонал вршат хумана дејност и таквиот однос кон нив да биде најостро санкциониран“.