Сообраќајот на граничните премини Дојрани, Евзони и Ники, кој беше во прекин поради штрајк на грчките цариници, е нормализиран, информираше утрово АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено пo наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.