Делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска положи венец на британските воени гробишта во Скопје, во спомен на починатите британски војници од Првата светска војна.

Од Министерството за одбрана соопштија дека на комеморацијата на британските воени гробишта присуствувале и амбасадори и одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија.

Церемонијата на британските воени гробишта каде се наоѓаат гробовите на 117 војници, е во спомен на загинатите во Првата светска војна и претставува потсетник за трагедијата на сите луѓе, војници и цивили од сите националности, кои ги изгубиле своите животи, борејќи се за мирот и слободата, стои во соопштението.