Четириесет и шестгодишниот гостиварец З.Б. вчера пријавил дека непознати сторители извршиле тешка кражба во барака, лоцирана на гостиварскиот голем пазар, сопственост на гевгелиска фирма.

-Откако насилно го отвориле шалтерот за продажба во бараката, влегле внатре и одзеле два пакети со по 360 јајца, односно 720 јајца, стекнувајќи се со имотна корист која се проценува на 6000 денари, додека причинетата штета изнесува 4000 денари, информираат од СВР Тетово.

Се работи на откривање на сторителите на оваа кражба.