Македонија се наоѓа на 64. место според Индексот за дарежливост и на второ место според остварениот скок во таа област во 2016 во однос на 2015 година.

Поголем скок од неа, остварила само Босна и Херцеговина.

Во студијата за дарежливост, со која се опфатени 140 држави, предвид се земени три категории: подготвеност да се помогне на странец, парични донации и времето минато во волонтирање во добротворени цели.

Според добиените податоци, земја на најдарежливи луѓе е Мјанмар, додека на второ и трето место се Индонезија и Кенија.