Ако некој стори кривично дело јас ќе го гонам, па дури и да е на смртна постела, рече специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште по предметот „Триста“.

Ѓоко Поповски не се појави на судењето бидејќи доктор му препорачал строго мирување, а рочиштето е закажано за 21. Ноември.

-Тој е обвинет, против него има постапка и тоа што е на боледување не значи дека не треба да се појавува на судските рочишта. Од ништо не произлегува дека тој е спречен да присуствува на денешното рочиште, рече Фетаи.