Министерството за здравство, доцна вечерва излезе со соопштение во однос на случајот на професионалното деградирање на поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески.

„Во врска со пласирани информации по медиуми, а кои се однесуваат на деградирање на Д-р Никола Бакрачески, вработен во ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања-Охрид, со распределба на работно место кое не соодвествува со неговиот степен на стручна подготовка, по извршениот вонреден инспекциски надзор, Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, информираат за следното:

Д-р Никола Бакрачески, специјалист интернист со супспецијализација-кардиологија, во 2013 год. ја презема градоначалничката функција од позиција на директор на оваа установа. Со Одлука за мирување на вработување Д-р Никола Бакрачески има право во рок од 15 дена по престанок на вршење на функција градоначалник на Општина Охрид, да се врати во Заводот, на работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка. Роковите се испочитувани и моментално во Заводот е поставен на работно место-Раководител на отсек за аритмии за кое место согласно систематизацијата потребно е ВСС медицински факултет-спец.интернист или супспецијалист кардиолог. Напоменуваме дека во установата независно на кој отсек се водат вработените, постојано ротираат на сите отсеци, така што и Д-р Никола Бакрачески, откако е вратен во заводот, вршел интервенција-коронарографија.

Во врска со наводите за Д-р Зоран Доневски, специјалист-интернист, со супспецијализација-кардиологија, претходно Раководител на отсек за ергометриско тестирање, а распределен на работно место-Раководител на стационарно-болнички оддел, согласно систематизација потребно е ВСС медицински факултет-спец.интернист или супспец.кардиолог, неговот работно поместување е по хоризонтала заради заминување на предходниот вработен на тоа работно место на специјализација во Скопје и дека во тек е попстапка за известување на Државна комисија за спречување корупција.“ се вели во соопштението на Министерството за здравство.