Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Собранието на РМ има средба со претседателот на Парламентот Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи и претседателите на комисиите за надзор на комуникациите, во насока на следење на приоритетите и итните реформски приоритети и исполнување на препораките и забелешките дадени од експертската група предводена од Рајн Хард Прибе.

Средбата е на иницијатива на Спасовски, а освен Џафери и координаторите на пратеничките групи, на неа ќе присуствуваат и претседателите и членовите на Комисијата за надзор над УБК и на Агенцијата за разузнавање, Комисија за надзор над спроведувањето на посебна истражна мерка за следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана и Комисијата за одбрана и безбедност.