Поранешната директорка и уредничка на ХРТ, Мирјана Ракиќ и Бранкица Петковиќ од програмскиот совет на РТВ Словенија да денешната јавна дебата за деполитизација на МРТ порачаа дека граѓаните треба да го финансираат јавниот дифузен сервис, а не државата за тој да обезбедува точни и навремени информации од интерес за сите, а програмскиот совет да биде максимално транспарентен и секоја своја седница да ја закажува јавно.
Петковиќ смета дека е негативно МРТ да се финансира од држаниот буџет и дека е неприфатливо Програмскиот совет да биде нетранспарентен.
– Нетранспарентноста не доаѓа предвид. Јас не би седела на седница ако за неа не се известени сите, вклучувајќи ја и јавноста. Во Советот сме само привремено, но за да ги браниме највисоките стандарди на основањето и програмската работа. Наша задача е, според етичките кодекси, да бидеме чесни и непристрасни. Забрането е да се бара однапред да се влијае врз одлуката што ќе се објави или да се препрашува дали да се известува. Наша обврска е да реагираме ако нешто не е во ред, подвлече Петковиќ, додавајќи дека седниците на Програмскиот совет на РТВ Словенија се објавуваат на веб-страницата на телевивизијата и директно се пренесуваат, а акредитираните новинари добиваат покана за присуство.
Ракиќ напомена дека безразлика кој ја поставил на функцијата, мора да се има граница на влијание и кажа дека дала отказ откако работите ја преминале границата.
– Мора да го штитите својот интегритет, независно кој ве поставил на функцијата и на кој начин имате нарема да работите. Сите ние имаме некаква граница. Кога некој политички се обиде да ја премине, тогаш се заблагодарувате и тоа јавно, нагласи Ракиќ.
– Врската меѓу јавниот сервис и граѓаните е клучна. Се согласувам дека во некоја преодна фаза треба да се помогне, но граѓаните се тие што треба да ја плаќаат програмата. Другата страна треба да се грижи за квалитетот, точноста на информациите, правовременоста и стандардот на говор. Тоа е најважно. Во спротивно, се губи основната идеја – што сакате. Единствена обврска на јавниот сервис е да пренесува информации важни за јавноста. Само информирани граѓани можат да одлучуваат во своето општество, рече Ракиќ.