Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, по повод катастрофалните поплави во неколку градови во Грција.

- Со жалење ја примив веста за катастрофалните поплави кои ги погодија градовите Мандра, Неа Перамос и Мегара и предизвикаа вистинска трагедија во вашата земја. Искрено жалам за загубените животи од оваа ужасна природна непогода, се наведува во телеграмата со сочувство.

Иванов, од име на граѓаните на Македонија и од негово лично име, изразил длабоко сочувство до грчкиот претседател и до семејствата на настраданите, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.