Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, синоќа имаше средба со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

Ахмети и Бутарис многу отворено и пријателски разговараа за прашања од заеднички интерес, културни размени, образование, за прекугранична соработка на општините, но и за спорот со името, како и евро-атлантските интеграции.

„Ахмети ги поддржа сите идеи за соработка меѓу општините предводени од Демократската унија за интеграција со Солун и ја поздрави подготвеноста на Бутарис за продлабочување на комуникацијата помеѓу нашите градови.

Ахмети и Бутарис исто така, разговараа и за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, каде што се согласија дека треба да се постигне компромис за спорот за името што е можно поскоро притоа почитувајќи ги карактеристиките на партиите и размислувајќи за заедничката иднина кон евроатланското семејство“, се наведува во соопштението.