Македонија има современ дигитален комуникациски радио систем за полициските службеници кој може да опслужи 6.000 корисници, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој заедно со евроамбасадорот Самуел Жбогар присуствуваа на презентација на ТЕТРА системот во СВР Скопје.

– МВР во подготовката на ТЕТРА системот е вклучено од самиот почеток. Од 2005 година, со подготовката на физибилити студија па се до денеска. Благодарение на поддршката на ЕУ имаме современ дигитален комуникациски радио систем. Овој систем треба да го користат и другите служби кои се дел од јавната безбедност, како и брзата помош противпожарната бригада, рече Спасовски.