ЕУ гледа со оптимизам во напорите кои ги прави Владата во однос на проблемот кој го има Грција со името на Македонија, истакна денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар при посетата на СВР Скопје.
– Она што генерално го споделуваме е оптимизам дека работите се одвиваат во правилна насока, дека реформите што ги очекуваме во земјата почнуваат да се спроведуваат и ја охрабруваме Владата да продолжи по овој пат. Во следните месеци од наша страна ќе ја претставиме визијата за регионот во следните години и децении преку стратегискиот документ за Западен Балкан што претседателот на ЕК Јункер го најави за февруари. Очекуваме од Владата и институциите да покажат посветеност и резултати поврзани со реформите. Доколку овие две визии и активности се преклопуваат се надеваме дека ќе видиме добри резултати следната година, рече Жбогар.