Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кои што учествуваше на Светската климатска конференција во Бон изјави дека Македонија до 2020 година ќе го забрани јагленот да се користи како средство за затоплување.
– Две третини од загадувањето во Скопје е резултат на затоплувањето на домовите и користењето на несоодветни материјали и затоа тоа е приоритет на Владата за решавање, изјави Макрадули.
Тој кажа дека околу 100 семејства во Скопје се греат на јаглен, а многу домови се затоплуваат со неквалитетни дрва и со штетен материјал.