Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги предложи Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд.
Согласно уставните овластувања на претседателот на Република Македонија, предлозите за двајца нови судии на Уставниот суд се доставени до Собранието, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата.
Нагласуваат дека пред донесувањето на одлуката, претседателот Иванов извршил консултации со релевантни фактори од оваа област.
– Претседателот Иванов како и досега, така и во иднина, ќе се води исклучиво од квалитетот и професионалноста на личностите кои ги предлага. Македонскиот претседател смета дека со предлозите на д-р Дарко Костадиновски и д-р Осман Кадриу, Уставниот суд на Република Македонија ќе добие судии кои најодговорно ќе ја извршуваат функцијата за време на нивните мандати, велат од претседателскиот кабинет.