Министерството за внатрешни работи објави јавна потрага на својата веб страна по осомничениот Филип Секуловски за убиството на 28-годишниот фудбалер Мартин Јанушев.

Минатата недела министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека полицијата има несоборливи докази дека Ф.С. е сторител на убиството на Јанушев.

- Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница, истакна Спасовски и додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот.

Мартин Јанушев беше убиен на 3 ноември годинава со неколку куршуми пред влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.