Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој се соочуваат луѓето во земјата и во чии рамки на севернокорејските граѓани им е забрането организирање забави со музика и конзумирање алкохол, се наведува во извештај на Јужнокорејската разузнавачка служба (НИС).

Во документот доставен до Парламентот во Сеул се посочува дека севернокорејската Влада се обидува да ги спречи стравувањата меѓу нејзините граѓани по санкциите на ОН, воведени по ракетните и нуклеарните тестови, што дополнително ја влошија економската ситуација во земјата.