Судскиот процес за случајот „Таргет-Тврдина“ е закажан за 22 декември. Во предметот се обвинети 12 лица меѓу кои и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција.
Се товарат дека преку злоупотреба на опремата во УБК прислушувале илјадници граѓани и за да ги прикријат трагите од следењето на комуникациите потоа ги уништиле системите за прислушување.
Еден од обвинетите, чиј идентитет не се соопштува, веќе призна вина и е осуден на условна казна затвор.