Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој што неодамна беше во посета на Македонија, за време на неговата посета на Виена дава интервју за австриски „Куриер“, а новинарката пишува дека тој е ангажиран и за решавање на долгогодишниот спорт меѓу двете соседни земји.
-Новиот претседател на владата Зоран Заев нема националистички идеи како неговиот претходник Никола Груевски, кој беше страшна несреќа за земјата. Грција никогаш не би го прифатила името Република Македонија, вели солунскиот градоначалник за австрискиот весник.
Како што пишува „Куриер“ Бутарис смета дека со решението за името би се отворил патот на Македонија кон НАТО и дека Македонија би можела да најде нов идентитет за самата земја и за нејзните граѓани.
Претходно, на пратеничко прашање од опозициската Нова демократија, Бутарис преку писмено прашање објасни дека општина Солун, не води надворешно политика и дека поддржува сложено име за Македонија.
Бутарис јавно истакна две компромисни решенија за спорот со името.
Република Нова Македонија или Северна Македонија се алтернативите, кои Бутарис ги соопшти во интервјуто, при тоа потенцирајќи дека Грција никогаш нема да ја признае Македонија под нејзиното уставно име.
Бутарис инаку за време на посетата во Скопје, во изјава за медиумите го употреби токму уставното име на земјава, поради што предизвика бурни реакции во грчката јавност.
Тој одговори дека е целосно рамнодушен и потенцираше дека тоа не им оди во прилог на напорите што се прават за подобрување на односите меѓу двете земји.