Рано утрово, по налог на јавен обвинител, приведени се над 20 учесници поврзани со упадот и насилствата на 27-ми април во македонскиот парламент, пишува Либертас.
Полицијата утрово го привела Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Тој не е единствен меѓу приведените поранешни или сегашни вработени во МВР. Обвинителството побарало приведување и на Митко Пешев, поранешен началник на одделението за специјални полициски операции, и на Душко Лазаров, началник во секторот за Јавен ред и мир.
ОЈО побарало и приведување на организаторите на протестите, а еден од нив е и Богдан Илиевски (Бетмен Велит), кој беше еден од организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“, а по нивното завршување влезе во освежениот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.