На своите профили на социјалните мрежи, пратеникот Павле Богоевски, кој беше меѓу нападнатите на 27 април, објави фотографија од уапсениот Митко Чавков.

Утрово, поранешниот началник на БЈБ, како и дел од предводниците на толпата која влезе во Собранието на 27 април се приведени и на распит во Кривичниот суд во Скопје.

Претходно беа спроведени внатрешни истраги во МВР и на одговорност се повикани стотина полициски старешини и службеници кои биле под команда на Чавков кој за време на протестите пред Собранието и подоцнежниот напад беше шеф на оперативниот штаб на МВР.